Советот на општина Гази Баба вчера го усвои буџетот на општината за 2023 година.
Усвоивме развоен буџет кој ќе се оствари и ќе обезбеди подобри услови за сите граѓани. Овој буџет е концепиран согласно реалните барања на граѓаните и истиот е резултат на сеопфатен граѓански дијалог во рамки на кој остваривме средби со граѓани во сите Урбани и Месни заедници, како и средби со стопанството и сите советнички групи во Советот на општината, рече градоначалникот на општината.
Меѓу останатите проекти за граѓаните, и во следната 2023 година предвидени се субвенции за инвертер клима уреди, печки на пелети, велосипеди, електрични тротинети, како и субвенции за вградување на уреди на течен нафтен гас во возилата и чистење на оџаците.
ПРОЧИТАЈТЕ: Кој, како, кога, и каде може да управува електричен тротинет?
Обезбедени се средства и за финансиска поддршка за реконструкција на лифтови и финансиска поддршка за реконструкција на кровови, информираа од општината.
извор: skopjeinfo.mk