Во текот на летната сезона во 2023 година, Ер Србија ќе лета до 22 нови дестинации до кои не леташе во летната сезона од претходната 2022 година. Од 4 јуни следната година српската националната авиокомпанија ќе почне да лета за Краков, а само еден ден подоцна, на 5 јуни 2023 година, за Охрид и Варна. Авио билетите за овие нови дестинации се веќе пуштени во продажба.
Прочитајте Луфтханза влегува на македонскиот авијациски пазар - Еве кога ќе биде првиот лет!
Билетите за Охрид се достапни по цена почнувајќи од 49 евра, до Варна од 59 евра и до Краков од 69 евра по правец во економска класа. Ер Србија ќе лета четири пати неделно до новите дестинации Полска, Бугарија и Северна Македонија.
„Во изминатиот период објавивме 19 нови дестинации за летната сезона 2023. Заедно со Краков, Охрид и Варна ќе има вкупно 22 нови града до кои патниците ќе можат да патуваат со Ер Србија. Горди сме на фактот дека, вклучително и чартер – дестинациите, во претстојната летна сезона се приближуваме до бројката од речиси 100 дестинации во нашата растечка мрежа“, вели Бошко Рупиќ, директор за комерцијална и стратегија на Ер Србија.
Од Варна и Охрид, преку Белград, патниците ќе имаат добри врски со голем број дестинации во мрежата на Ер Србија, како Дизелдорф, Берлин, Копенхаген, Хамбург, Франкфурт, Прага, Цирих, Рим, Венеција, Болоња, Виена, Љубљана, Загреб, Подгорица, Осло, Амстердам и Њујорк.
Очекуваме на почетокот на летната сезона бројот на српски туристи да се зголеми во Охрид.