Што правиме со мобилните телефони во школо?
Прашање кое се почесто се наметнува како се приближува почетокот на учебната година. Децата бараат наставниците забрануваат родителите се двоумат... А Закон нема.
Фактот дека мобилните телефони се како дел од училишниот прибор предизвикува секојдневна полемика
-Детето има мобилен телефон бидејќи сакам да знам кога стигнал во школо или кога си дошол дома, неопходен му е- Вели една мајка
Наспроти тоа наставниците одговараат дека телефоните не се неопходни
-Обично родителите го имаат телефонскиот број на класниот наставник или одделенската учителка, па ако има било каков проблем можат да не контактираат. Мобилните ни предизвикуваат голем проблем во текот на наставата.
-Децата играат игрици за време на одморите, и кога ќе влезат на час се уште се со паметот таму во играта што им смета во концентрација на часот. Не ретко се случува да влезат на час па да си ја доиграат почната игрица.-истакнува еден наставник по Биологија
-Тоа дека може да им заѕвони телефонот на час не го ни спомнувам, но кога бараат одговор на моето прашање на Гугл е тоа е веќе опомена или одземање на телефон- Што ми го нарушува текот на часот и дополнително ја нарушува наставата...
-Строго сум против носење на телефон во школо, но се соочувам со потсмев врз моето дете од страна на другарите па некогаш попуштам и му дозволувам да носи телефон...
Ова се само дел од констатациите и прашањата кои ги мачат и родителите и наставниците. За тоа поставуваме анкетно прашање.
Дали треба да се забрани носење мобилен телефон во училиште?
1. Да, мобилните треба да останат дома
2. Делумно да, мобилните да се чуваат во посебни шкавчиња за време на часовите
3. Делумно не, секој родител да одлучува за своето дете
4. Не