Кризата ја намали новогодишната еуфорија. Шопинг моловите полни, ама ќесите празни. Викендов можеше да се забележи гужва низ шопинг центрите во главниот град, но традиционалното предновогодишно пазарување е помало за разлика од минатите години. Празничната еуфорија годинава во минимални дози, за разлика од претходно.
Граѓаните по се изгледа за прошетка ги одбираат повеќе трговските центри од центарот на градот, бидејќи таму може барем колку – толку да се забележи новогодишната магија и да се израдуваат најмладите на новогодишните украси, наспроти градскиот плоштад кој остана скромно украсен, а булеварите се без светлото на новогодишните празници.
Иако испраќаме година која беше економски тешка за преживување , изгледа граѓаните колку – толку се обидуваат да ја доживеат празничната еуфорија.
Тоа што не се чувствува еуфорија не е изненадувачки ако се земе предвид фактот дека годината што изминува беше тешка за граѓаните, едвај врзуваа крај со крај. Само за задоволување на основни потреби на едно четиричлено семејство во ноември му биле потребни 51 илјада денари, што не се ниту две минимални плати. Стравот од празни џебови останува и за новата 2023… Но за миг секој сака да се опушти и барем за кратко да подзаборави.
извор: alfa.mk