“Медиумите ќе ви кажат дека Катар е скап – Навистина е!”, вака Rob Dawley го опишува својот престој во Катар, и сподели колку го чинел еден ден за време на Светското фудбалско првенство.
За појадок: 2 кроасани, шише вода и милкшејк од јагоди = £3 (215 денари).
На стадионот Al Bayt, каде го следел натпреварот помеѓу Хрватска и Мароко, за чизбургер и вода платил £13,90 (994 денари), а за мало шише Кока Кола дал £3 (215 денари).
Се возел со Uber (вид на такси превоз) и за поминати 15 км платил £10,90 (800 денари)
За вечера: клуб сендвич – £8 (572 денари), 2 пива – £22 (1573 денари), сладолед во корнет – £6 (429 денари) и говедски фалафел – £3 (215 денари)
Се’ вкупно: £69.80 (4990 денари)
Во наведените трошоци од скоро 5.000 денари, не спаѓа престојот во хотел и картата за натпреварот Хрватска – Мароко.
А, како изгледа внатрешноста на еден од стадионите во Катар каде се играат натпреварите од ова Светско фудбалско првенство? – Како хотел со 5 ѕвезди.
извор: patokolusvetot.mk