Наскоро Телекабел ќе стане мобилен оператор, а префиксот ќе биде 074, објави компанијата на социјалните мрежи
Со задоволство ви најавуваме дека Телекабел ќе почне со нова услуга, мобилна телефонија. Префиксот ќе биде 074. Интензивно работиме на последните подготовки и наскоро ќе бидат објавени пакетите кои ќе ги понудиме. Како и сите услуги до сега, нема обврзувачки договори, стои во објавата на компанијата.
Предвидено е броевите да почнуваат со 600, 601, 602, 603, се разбира по префиксот 074.
Првиот човек на компанијата во јануари најави дека оваа година планира да понуди мобилна телефонија. Роберт Димитров тогаш, а по повод 21 година од постоењето на компанијата рече дека се уште се прават анализи, бидејќи се барале сериозни инвестиции.