Продолжува ДОЛГИОТ период на стабилно, суво и сончево време, особено на повисоките места и на планините. По котлините ќе има појава на магла и на ниска облачност, со што и температурите ќе бидат пониски.
Особено на повисоките места и на планините ќе биде НЕВООБИЧАЕНО ТОПЛО преку ден и со максимални температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 17 степени. Ќе биде и тивко.
За време на новогодишната ноќ, како и во првата седмица од новата 2023 година продолжува стабилното и суво време со магла и ниска облачност по котлините.
Услови за бел снежен Божиќ кај нас, НЕМА ДА ИМА!
извор: skopje24.com.mk