Граѓаните на социјалните мрежи ја пофалија овогодинешната организација во Сиднеј за одржувањето на огнометот во 21 часот, за да можат и оние кои не се будни среде ноќ да уживаат во прославите.
Организаторите на новогодишната прослава одлучија да одржат две прослави со огномет, една во 21 часот, а потоа повторно на полноќ, со објаснување дека првиот огномет бил одржан за сите оние кои не можат да останат будни до полноќ.
Првиот огномет беше посветен на домородците, нивната култура и историја, а за подготовка на двојната прослава на огномет беа потрошени 4.000 часа работа.
Другиот огномет траеше осум минути, а од 184 позиции на најпознатиот мост во светот, Сиднејскиот пристанишен мост, беа испукани вкупно 7.000 огномети, а од операта во Сиднеј 2.000.
извор: mk.tv21.tv