Неофицијалниот извештај за пазарот на нови автомобили во Македонија покажува дека во ноември годинава се продадени 298 нови автомобили со што вкупната бројка од почетокот на годината до крајот на ноември изнесува 4.488 автомобили
Статистиката покажува дека азијските брендови владеат со македонскиот пазар. При тоа најмногу автомобили се продадени од брендот на Kia, вкупно 48, што е за осум автомобили повеќе од Toyota. Најдобро пласиран европски бренд е Skoda со продадени 30 автомобили, а топ 5-та ја сочинуваат уште Hyundai и Opel со по 17 продадени автомобили.
Во месечниот извештај се наведува дека се продадени и 47 лесни комерцијални возила, а најголем удел во овој сегмент има италијански Fiat.
Годишниот извештај за пазарот на нови автомобили во Македонија ќе биде објавен на крајот на вториот месец годинава.