Родителите прават сé за да ги израдуваат своите најмили, со тоа што пакетчињата полека одат во заборав, а изнајмувањето на Дедо Мраз е новиот тренд.
Дедо Мраз доаѓа кај вас, доставува подарок по ваша желба, се слика со децата... Сигурно дека овој момент ќе остане во меморијата на децата, но колку ќе треба да одвојат родителите за оваа атракција?
Изнајмувањето на Дедо Мраз стана нов тренд и родителите сé почесто избираат на овој начин да ги израдуваат најмладите членови на домаќинството.
Цената на изнајмување на Дедо Мраз е од 30 до 50 евра за 20 минути до половина час.
„Најмногу ме ангажираат родители за да ги расположам и да ги израдувам нивните добри деца. Децата реагираат фантастично, ме очекуваат и со нетрпение ги очекуваат подароците. Децата пишуваат писма, а момчињата најчесто бараат роботи, автомобили, багери. .. а девојчињата, секако, кукли, куќички за кукли, пегли... Возрасните имаат и реални и нереални желби“, вели Дедо Мраз.