Здружението за унапредување на општествената одговорност осма година по ред продолжува со реализација на проектот „Учам+знам=вредам“ чија цел е да ги промовира најдобрите основци и средношколци на билборди.
Изминативе денови на билбордите во Беочин, Србобран, Жабље, Бачко Петровац и Темерин беа поставени плакати со фотографии од најуспешните ученици од тие општини, пишува Данас.
Во претходната учебна година беа избрани за ученици на генерацијата и освоија награди на државни и меѓународни натпревари од областа на науката и уметноста.
„Овие пет општини добија и специјално новогодишно украсување на своите билборди – најдобрите ученици, да бидат општествени примери во нивната локална средина и на посебен начин да го истакнат својот успех. Благодарни сме за соработката и поддршката на локалните самоуправи , каде беа поставени билборди со фотографии од најдобрите ученички и ученици, како и Гимназијата „Јован Јовановиќ Змај“ од Нови Сад и Ерсте банка, без чија поддршка овој проект немаше успешно да се реализира“, соопштуваат од организацијата.
Наскоро на билбордите ќе бидат претставени најдобрите ученици во Сремски Карловци и Нови Сад.
Проектот „Учам+знам=вредам“ се спроведува од 2015 година, а во Нови Сад и шест околни општини на билборди се претставени повеќе од 800 ученици кои постигнале успех на домашната и меѓународната сцена во науката и уметноста.