Божиќ како што е претходно најавено ќе го поминеме во знакот на стабилно и суво време со НАТПРОСЕЧНО ВИСОКИ температури на воздухот. Постудено и со магла, ниска облачност и загаденост ќе биде низ котлините.
Промена на временската состојба кај нас која конечно ќе донесе врнежи од дожд, снег на планините и ветер ќе имаме од понеделник попладне и навечер (9 јануари).
Поради ЗАЛАДУВАЊЕТО, во вторник навечер и во текот на ноќта кон среда следната седмица услови за провејување на снег ќе има и на некои места со помала надморска височина.
Сето ова ќе придонесе за расчистување на маглата по котлините, но и за намалување на загаденоста, што значи дека конечно граѓаните на Македонија ќе дишат почист воздух.