Продолжува периодот на стабилно и топло време со сонце и пораст на дневните температури.
Времето денеска ќе биде сончево со температура во интервалот од 21 до 28 степени, во понеделник од 23 до 30 степени.
Во вторник ќе има извесно зголемување на облачноста со услови за краткотраен локален дожд. Температурата ќе се движи од 22 до 28 степени.
Во среда и четврток температурите од 23 до 28 степени, односно од 25 до 30 степени Целзиусови.