Австрија сака да ги укине сите ограничувања поврзани со Ковид-19 во текот на оваа година, изјави денеска министерот за здравство Јоханес Раух.
„Во тој случај, Ковид-19 повеќе нема да биде болест која може да се пријави и земјата ќе се врати во нормала, изјави тој за Кронен Цајтунг.
Според министерот, големиот бран на Ковид-19 во Кина веќе не претставува голем ризик. „Ги презедовме сите неопходни мерки на претпазливост и во моментов не гледам знаци на голема закана“, рече Раух. Иако вирусот нема целосно да исчезне, министерот рече дека верува оти Австрија е подготвена: „Имаме вакцина и лекови и ја следиме појавата на нови варијанти“.
Тој исто така рече дека верува оти важечкото правило за задолжително носење заштитни маски во јавниот превоз во Виена наскоро ќе биде укинато.
Надвор од главниот град на Австрија, важат ретки прописи поврзани со Ковид-19, но маската FFP2 сè уште е задолжителна кога се оди во здравствени установи и домови за стари лица.
извор: kanal5.com.mk