Кога одите на шопинг, можно е да најдете само дел од производите што ви се потребни
Низ светот и во 2023 година сè уште има многу проблеми кои ја засегаат прехранбената индустрија - лошите временски услови, војната во Украина, инфлацијата... Кога одите на шопинг, можно е да најдете само дел од производите што ви се потребни. Во однос на временските непогоди, војната во Украина, болестите кои ги погодуваат растенијата и слично, порталот EatThis.com издвои осум производи чиј недостиг може да се забележи во светот годинава.
Би можело да ве интересира: Мајчинско, татковско и родителско отсуство предвидува новиот Предлог-закон за работни односи
1. Говедско месо
Во 2022 година, сточарите и земјоделците се соочија со различни тешкотии поради рекордните временски настани. Што се однесува до ситуацијата во САД, Тексас, најголемиот производител на говедско месо, е погоден од екстремна суша во поголемиот дел од летните месеци. Многу сточари беа принудени да продадат значителна количина од својот добиток порано од очекуваното.
2. Шампањ
Побарувачката за овој пијалок почна вртоглаво да расте во 2021 година, што беше неочекуван пресврт по остриот пад на продажбата за време на екот на пандемијата во 2020 година. Сушата и лошото време во текот на изминатата година низ областа Калифорнија, како и во регионот Шампањ во Франција, дополнително ги оставија производителите со малку шампањ на залиха. Имајќи предвид дека за многу видови шампањ се потребни некаде од 15 месеци до четири години за да се подготват, може да помине долго време пред производството да се врати на вистинскиот пат.
3. Марула
Постојаниот недостиг на зелена салата најпрво ги погоди рестораните, но сега се пресели на полиците на продавниците за храна, зголемувајќи ги трошоците и гушејќи ги залихите. Во ноември цената на зелената салата скокна за речиси 20 отсто во однос на претходната година. Овие проблеми со зелената салата беа предизвикани од болеста наречена Импатиенс, некротични дамки вирус (INSV), која се пренесува од инсекти и често резултира со смрт на заразеното растение. Болеста брзо се прошири низ долината Салинас во Калифорнија, главен производител на речиси 50 отсто од вкупното американско производство на зелена салата и уништи повеќе од 80 отсто од родот во областа во 2022 година.
4. Конзервирани пијалоци и храна
На почетокот на пандемијата, луѓето во паника купуваа конзервирана храна и пиеја повеќе конзервирани пијалоци дома, а тоа доведе до неочекувано зголемување на побарувачката за алуминиум. Одредени видови на конзервирана производи, од храна за домашни миленици до пиво, поради недостиг на амбалажа од алуминиум, , стануваат се потешко да се најдат, дури и ако се многу поскапени.
5. Сончогледово масло и палмино масло
Војната во Украина игра голема улога во намалената понуда на овој кујнски производ. Украина е главен производител на семки од сончоглед и масло, а во 2020 година произведе речиси 50 отсто од светската понуда. Се додека трае конфликтот, најверојатно сончогледовото масло ќе биде се уште на листата на загрозени производи. Истовремено, Индонезија, најголемиот светски производител на палмово масло, усвои политика, почнувајќи од 1. јануари, со која се поставуваат построги ограничувања на извозот на палмово масло за да се одржат домашните резерви.
6. Леб и други производи од пченица
Украина и Русија заедно произведуваат околу 30 отсто од светскиот извоз на пченица. Лебот лани поскапе за 15,7 отсто. Следат житариците и пекарските производи со скок од 16,4 отсто, а брашното и другите готови мешавини од брашно забележале неверојатен скок од 24,9 отсто.
7. Пченка
Соединетите Американски Држави се најголемиот светски производител на пченка, а многу области беа погодени од високи температури и силни бури. Ограничениот извоз од други земји како Бразил и Украина во текот на оваа вегетативна сезона не помогна на проблемот. Министерството за земјоделство на САД ги објави прелиминарните прогнози кои покажуваат зголемени насади и на пченка и на пченица за сезоната 2023/2024. години. Ако се оди според планот, производството на пченка треба да закрепне.
8. Портокал и сок од портокал
Кога ураганот Јан ечеше низ Флорида во септември, многу дрвја беа уништени. Болеста наречена цитрусно позеленување, исто така, ги погоди посевите на Флорида во последните неколку години.