Еден од најстарите угостителски објекти во Србија е ресторанот „Мала гостиона“ на Палиќ. Неодамна прослави 170 години постоење, а заштитен знак на овој ресторан е познатиот келнер Анѓелко, кој на гостите им овозможува одлична услуга веќе половина век.
Секој гостин треба да биде прифатен, примен убаво и не може да има никакви проблеми. Дали е уморен, дали има проблеми, сето тоа треба да се земе предвид. Со два-три убави зборови го заборава сето тоа.
“Тито, Слоба, Вучиќ, Тома Николиќ, Дачиќ, сите поминаа низ малата гостилница и сите ги послужив. Со Тито беше едноставно. Доаѓа, седнува, му го палам томпусот и сè оди лесно. Јованка беше поинаква. Таа беше малку понапорна”, вели Анѓелко.
Тој е повеќе од задоволен со својата работа.
- Да се родам пак, повторно би ја избрал оваа работа. Имате контакт со сите. Еден сосед ми кажува дека сум бил на телевизија. Го прашувам како, а тој вели дека во едно интервју Мира Бањац рекла дека имала желба да оди на Палиќ да го запонае келнерот Анѓелко. Повеќето актери доаѓаат за време на филмскиот фестивал и така ги запознав сите. Бата Живојиновиќ, Љубиша Самарџиќ, сите беа тука.
Најпознатиот келнер скромно тврди дека не е подобар од другите, а најголемо задоволство му причинува кога повторно ќе се вратат гостите во ресторанот.
- Најголемо задоволство е кога гостинот се враќа. Ова е наша победа - вели ветеранот на угостителството
Сакате да работите во овај сектор? Најголемиот избор на позиции се наоѓаат на следниот ЛИНК.