Би можело да ве интересира: Еве зошто повеќето авиони се претежно бели
ТАВ Македонија, аеродромскиот оператор на двата македонски аеродрома, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, бележи 70% пораст во патничкиот сообраќај во 2022, споредено со 2021 година, додека споредено со референтната година во воздухопловството, 2019 година, патничкиот сообраќај е на -11%, односно 89% стапка на закрепнување согласно статистиката на патничкиот авиосообраќај за 2019 година.
Најфреквентни дестинации од Меѓународниот Аеродром Скопје според статистиката за патничкиот авиосообраќај на ТАВ Македонија, за 2022 година, јануари – декември, се Истанбул (двата аеродроми ИГА и Сабиха Гокчен со 13,1% пазарен удел), Базел Милуз (6,3%), Виена (6,2%), Цирих (6,2%), Анталија (4,2%), Дортмунд (4%), Минхен Меминген (4%) и Келн (3,1%).
Топ 5 земји со директни летови за 2022 година се Германија (24% пазарен удел); Турција (19,1%); Швајцарија (14,2%); Шведска (6,9%) и Австрија (6,2%).
Во однос на учеството на авиокомпаниите во патничкиот сообраќај во 2022 година на скопскиот аеродром, Wizz Air има превезено најголем број патници во 2022 година (59,3% пазарен удел); потоа следат Turkish Airlines (11%); Pegasus Airlines (6,7%); Austrian Airlines (6,2%); Chair Airlines (4.9%).
На охридскиот аеродром, најфреквентна дестинација за патување за 2022 година е Виена (18% пазарен удел), потоа Базел (15,9%), Цирих (11,9%), Меминген (11%), Малме (10,8%), Фридрихсхафен (8,7%), Дортмунд (8,6%), Амстердам (8,3%), додека останатите дестинации се со пазарен удел од 1,2%.
Моментално и според зимскиот ред на летање, од Меѓународниот Аеродром Скопје, 11 авиокомпании (Air Serbia, Austrian Airlines, Croatia Airlines, Edelweiss, Chair Airlines, Pegasus Airlines, Turkish Airlines, LOT, Aegean, Wizz Air, Easyjet) сообраќаат до 36 дестинации, додека од Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, 2 авиокомпании (Wizz Air, Chair Airlines) сообраќаат до 4 дестинации.