Нацрт-верзијата на новиот Закон за работни односи предвидува да се ограничи времето во кое работникот може да биде вработен на определено време. Со договор на определено, еден работодавач ќе може да држи работник најмногу две години, наместо сегашните пет, а потоа ќе мора да му го трансформира работниот однос на неопределено.
Во тој период од две години, предност е и тоа што работодавачот нема да може да му дава на работникот да потпишува анекс на договорот секој месец, туку тоа ќе биде дозволено најмногу три пати.
ПРОЧИТАЈТЕ: Дали знаете во кој случај ви следува цела плата доколку работите со пола работно време?
Меѓу другите придобивки за работнциите, надлежните велат дека се воведуваат нови форми на работа, како што се „работа од дома“ и „работа од далечина“ што смета дека е особена придобивка за младите работници да бираат како ќе работат.
Ова се предлози од нацрт-верзијата, а по собирањето на предлозите и јавните дебати се очекува во текот на февруари да бидат сумирани сите забелешки, да се пушти предлог-законот процедура, а потоа и во собраниска.