Забраната се однесува и за време на училишниот одмор, со икслучок на вонредни ситуации и за деца со инвалидитет.
Според новите правила, секој ученик е должен да го исклучи својот апарат или да го остави на посебните места за оваа намена.
Според законот, наставниците можат да ги одземат уредите до крајот на училишниот ден во случај некое дете да не ја почитува забраната. Таа забрана веќе неколку години ја применуваат голем број училишта, но овојпат директорите на тие установи ќе можат да се потпрат на законот. Средните училишта имаат можност, но не и обврска да ја воведат оваа мерка.
Речиси девет од десет млади на возраст од 12 до 17 години (86 отсто) во Франција имаат мобилен телефон.
Според Министерот за образование Жан-Мишел Бланке, целта на мерката е да им помогне на децата да се сконцентрираат на наставата, подобро да се социјализираат и да го намалат користењето на социјалните мрежи.
Кој е вашиот став по ова прашање? Дали и во Македонија треба да се забранат мобилните уреди во училиштата? Одговорете на нашата најнова анкета подолу.