Американскиот производител на автомобили „Форд“ планира да укине повеќе од илјада работни места во својата главна германска фабрика во Келн, објави германското автомобилско издание „Automobilvohe“, повикувајќи се на неименувани извори.
Според соопштението, шефот на работниот совет во понеделник свикал состанок на сите 14.000 работници во фабриката во Келн.
Форд, според податоците на својата веб-страница, вработува околу 20.000 луѓе во Германија, а претставниците на производителот на автомобили не сакаа да коментираат дали ќе има отпуштања, но рекоа дека трансформацијата во производство на електрични возила бара значителна промена во начинот на кој се произведуваат автомобилите..
Би можело да ве интересира: Мајкрософт најавува укинување на илјадници работни места
„Форд“ инвестира околу две милијарди долари во проширување на фабриката во Келн, каде што се произведува „Форд фиеста“ како и мотори.
Американскиот производител на автомобили се обврза до 2030 година исклучиво да продава електрични патнички автомобили во Европа, а планира да воведе три нови електрични патнички возила и четири нови електрични комерцијални возила во Европа до 2024 година.