Би можело да ве интересира: Каде се гради најмногу во Скопје?
Согласно со податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија, на 20 јануари просечната часовна цена на еден мегават-час електрична енергија изнесувала 173,78 евра за мегават-час.
Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 20:00) постигна ниво од 203,44 евра за мегават-час.
Просечната цена на електричната енергија во текот на јануари, досега, изнесува 138,33 евра за мегават-час и е за околу 123 евра пониска од онаа по која се тргуваше во текот на декември.