УЈП ги повикува сите физички лица кои во текот на 2018 година имаат остварено приход, вклучувајќи ги и оние што примиле само плата и пензија, електронски да се регистрираат во системот Е-персонален данок на Управата за јавни приходи.
Од УЈП, ги повикуваат граѓаните електронски да се регистрираат во Управата за јавни приходи на системот Е-персонален данок и тоа да го направат поскоро и да не се чека крајниот рок 31 декември 2018 година.
Физичките лица ќе треба електронски да се пријават на системот e-pdd.ujp.gov.mk. Откако електронски ќе се пријават на системот потоа си ги потврдуваат податоците во УЈП.
Пополнетата годишна даночна пријава преку електронскиот систем УЈП треба да ја достави до граѓаните најдоцна до 30 април 2019 година, а граѓаните ќе треба да ги потврдат или коригираат податоците од пополнетата даночна пријава најдоцна до 31 мај 2019 година.
Со оглед на фактот дека на системоот е-Персонален данок до сега се регистрирани само 13 илјади граѓани, а до крајот на оваа година се очекува да се регистрираат над 400 илјади граѓани, од УЈП апелираат граѓаните навремено да ја исполнат оваа обврска за да може од 1 јануари 2019 година секој граѓанин да има увид во пополнетата Годишна даночна пријава која ќе ја издава УЈП.