Ако се проценува дека годинава бројот на пензионери ќе достигне 345.245 лица, тогаш во следниве три години бројот ќе се зголеми за речиси 7.800 нови корисници на пензија. Тоа значи дека и средствата што ќе се одвојуваат за редовна исплата на зголемениот број пензионери ќе порасне, дотолку повеќе што и за годинава се најавува зголемување на пензиите
Според податоците на Фондот за ПИО, заклучно со 31 декември 2022 година, бројот на пензионери изнесувал 332.239 што е за 13.000 помалку во однос на процената за бројот на пензионери годинава. Скоро 69 проценти од пензионерите добиваат старосна пензија која на крајот од годината што помина изнесуваше 18.991 денари.
Стратешкиот план на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИО) за периодот 2023-2025 година излезе со нови коригирани процени за движењето на бројот на пензионери, кои покажуваат во 2025 година ќе се надмине бројката од 353.022 корисници на пензија. Ако се проценува дека годинава бројот на пензионери ќе достигне 345.245 лица, тогаш во следниве 3 години, бројот на пензионери ќе се зголеми за речиси 7.800 нови корисници на пензија.
Тоа значи дека и средствата што ќе се одвојуваат за редовна исплата на зголемениот број пензионери ќе порасне, дотолку повеќе што и за годинава се најавува зголемување на пензиите. Првата нагорна корекција на пензиите, според најавите од Владата, треба да се случи во март со што пензиите треба да бидат повисоки за 6 насто. Пензиите се усогласуваат два пати годишно, во септември и во март според новата методологија, и тоа за 50 проценти со трошоците за живот и за 50 проценти со растот на просечната плата.
За редовна исплата на пензиите, годинава ќе бидат потребни 1,2 милијарди евра, што е за 10,8 проценти повеќе во однос на сумата што беше предвидена лани. Сумите за исплата на пензии следниве години ќе растат. Расходите за пензии во 2023 година се проценети на 1 милијарда и 186 милиони евра, додека во 2025 година оваа сума ќе се зголеми на 1 милијарда и 268,6 милиони евра.,
Утре почнува исплатата на јануарските пензии
Утре почнува исплатата на јануарските пензии на над 330 илјади пензионери. Сите оние пензионери кои имаат картичка можат пензијата да си ја подигнат преку банкомат, додека готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички е распределена во четири групи според висината на пензијата и се подига на шалтер во банката.
Така, на шалтер утре пензија ќе можат да подигнат пензионери со пензии до 11.000 денари, во вторник оние со пензии од 11 до 14 илјади денари. Во среда ќе се врши исплатата на пензии од 14 до 18 илјади денари и во четврток – пензии над 18.000 денари.