На 11 септември 2018, во просториите на ХТЦА – Тренинг центарот на Академик во Скопје, во одлично расположение и пријатна атмосфера, на учесниците кои успешно ги завршија обуките за маркетинг и бармени им беа доделени меѓународно признати сертификати, кои ги издава Швајцарската академија за хотелски менаџмент од Луцерн (SHL).
Првите сертифицирани учесници од обуките за маркетинг и бармени ја истакнаа својата благодарност за посветеноста на сертифицираните обучувачи во процесот на нивната едукација.
БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА: ЗОШТО НЕМА КЕЛНЕРИ ВО МАКЕДОНИЈА?
Учесниците и обучувачите разговараа за предностите и развојните можности што ги нуди ХТЦА – Тренинг центарот на Академик кои истовремено претставуваат мотивација, но и одговорност на сите, за општествен придонес кон подигнување на стандардите за гостопримство во Република Македонија.
ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ: КАКО ДА СТАНЕШ УСПЕШЕН МЕНАЏЕР?
На настанот пред присутните се обрати и извршната директорка на Центарот, Мајда Стошиќ.
ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ: Еве зошто добро обучениот персонал е од најголема важност за бизнисот!
Таа го истакна своето задоволство за посветеноста и професионалноста на сите учесници, а со посебен акцент ја нагласи нивната значајна улога во подигнувањето на стандардите во угостителството. Воедно, им честиташе на сите учесници за постигнатиот успех на обуките и им посака кариера со пет ѕвезди.
Честитки и од нас! А доколку и вие сакате кариера со пет ѕвезди, запознајте се со сите обуки на ХТЦА – Тренинг центарот на Академик на ЛИНКОТ.