Министерството за труд и социјална политика (МТСП) денеска соопшти дека согласно Законот за финансиска подршка на ранливи категории граѓани за справување со енергетската криза, списоците на корисници на финансиска поддршка се објавени на веб страната на министерството.
Би можело да ве интересира: Само три држави во Европа со помала минимална плата од Македонија
Списокот на корисници на паричните средства за финансиска поддршка за справување со енергетската криза, ќе биде тргнат од веб страната на Министерството за труд и социјална политика, веб страната на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување и веб страната на Агенцијата за вработување по истекот на три дена од денот на објавувањето.
Парите за корисниците на финансиска поддршка за справување со енергетската криза, ќе бидат исплатени на 13.02.2023 година.
На веб страната на Министерството за труд и социјална политика се објавени (корисници на правото на социјална сигурност на стари на лица, посебен додаток, надоместок заради попреченост, корисници на надоместок за помош и нега од друго лице со трајни промени во здравствената состојба без потреба од контролен преглед и не користат право на надоместок заради попреченост, како и самохраните родители кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош).
На веб страната на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување (корисници на пензија во висина не поголема од 11.525 денари месечно, односно во висина не поголема од 14.000 денари месечно, како и корисници на право на надоместок за телесно оштетување).
На веб страната на Агенцијата за вработување (невработени лица - корисници на право на материјално обезбедување во вид на паричен надоместок).
Списокот се објавува со цел граѓаните да можат да извршат проверка, а доколку лицето не е на списокот, а смета дека ги исполнува условите како корисник на право, може да поднесе приговор до Комисијата за одлучување по приговори за финансиска поддршка при Министерството за труд и социјална политика, во рок од три дена од денот на објавувањето на списоците на корисници на финансиската поддршка.
Приговорот може да се поднесе преку архивата на Министерството за труд и социјална политика или преку официјалната електронската пошта на министерството.
Списокот на корисници на паричните средства за финансиска поддршка за справување со енергетската криза, ќе биде тргнат од веб страната на Министерството за труд и социјална политика, веб страната на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување и веб страната на Агенцијата за вработување по истекот на три дена од денот на објавувањето.