Се зголемува проблемот со недостиг од персонал во угостителските објекти во Прилеп.
Најтешкиот месец за угостителите – февруари го продлабочи проблемот со недостигот од персонал, а сега и со преполовен број посетители во објектите. Ако лани, преку летото, заминале над 7.000 Македонци, главно во Хрватска, годинава и не може да се предвидат бројките. Особено што се заминува во приватна режија.
Јорданчо Момироски, претседател на здружението за угостителство и туризам „Меанџии“ од Прилеп вели дека во 80-те угостителски објекти со околу 600 вработени, има потреба за барем уште 200 угостителски работници.
„Зимата, особено февруари, е вообичаено тежок период за угостителството, а годинава уште повеќе. Проблемот е уште поизразен во хотелите и рестораните каде е неопходен попрофесионален кадар, отколку во кафулињата. На ова се додава проблемот со намалениот број гости. Мора да се признае, корона-пандемијата остави траги и намалено е дружењето во кафулињата“, вели Момироски.
Целиот текст прочитајте го на: nezavisen.mk