Цената на пицата и француската пита во Европската унија се зголеми за 16 отсто во декември во споредба со претходната година, објави Евростат, статистичката агенција на европскиот блок.
Можеби ќе ве интересира: Каде сме во споредба со Европа по минимална плата?
Додека во САД се подготвуваат да го прослават Националниот ден на пицата на 9 февруари, потрошувачите во ЕУ ќе мора да издвојат повеќе пари за да уживаат во парче од најпознатата италијанска брза храна, објави Ројтерс.
И во Македонија забележани се поскапувања на пицата во споредба со минатата година. Според граѓаните поскапувањата се над 20% па дури и 30%.
Вкупната инфлација во еврозоната порасна во декември за 9,2 отсто на годишно ниво, при што цените на храната, алкохолот и тутунот пораснаа за 13,8 отсто, објави Агенцијата минатиот месец.
Извор: vesnik.com