Во државата нема институција, инспекција или тело кое е надлежно да ги следи цените на производите во маркетите, и тоа не само прхрамбените, дали поефтинуваат согласно владините одредби и најави или зошто и по кој основ поскапуваат. Од Владата цврсто на ставот прехрамбените производи поефтинуваат, граѓаните кои плаќаат тврдат, цените растат.
Државниот пазарен инспекторат е надлежен само контрола на маржите кои треба да бидат ограничени од 5 до 10 отсто и тоа на продуктите кои се опфатени со одлуката на Владата односно леб, шеќер, масло за готвење и млечни производи, соопшти Горан Трајковски директорот на инспекторат на денешниот брифинг.
За сите останатите продукти кои се неопходни за граѓаните како средства за хигиена, детергенти, месо и сувомесно остануваат правилата на слободен пазар соопшти тој.
Министерот за економија, вели дека очекува трендот на намалување на цените на домашните производители да продолжи а пазарниот инспекторат е надлежен за се што подлежи под Законот за трговија и Законот за заштита на потрошувачите.
А во меѓувреме Народна Банка ги зголеми каматите на благајничките записи за дополнителни половина процентен поен и сега изнесуваат 5,25 отсто. Каматните стапки стапуваат на сила на 15 овој месец а тоа ќе влијае врз каматите на банкарските кредити на граѓаните и интерните трошци што дополнително ќе се одрази на платежната способност на граѓаните.
Според Народна Банка зголемувањето е мерка со која треба да се намали притисокот од инфлацијата која во моментов е речиси 19 отсто.