Американскиот медиумски гигант Дизни најави големо реструктуирање и кратење на 7.000 работни места за да ги намали трошоците за 5,5 милијарди долари и да ја подобри профитабилноста на својот бизнис со стриминг, пренесува Ројтерс.
Дизни го затвори првиот фискален квартал, кој заврши во декември, со нето добивка од 1,3 милијарди долари, што е за 15,8 отсто повеќе во однос на истиот период минатата година.
Можеби ќе ве интересира: Каде во Скопје ќе може да има обложувалници ако се спроведе законот за 500 метри оддалеченост?
Нејзините приходи скокнале за 7,8 отсто, на 23,5 милијарди долари, покажува деловниот извештај.
Сепак, истиот извештај сè уште покажува пад на бројот на претплатници за стриминг во дивизијата Disney+, за прв пат откако е основан. Дизни + го затвори кварталот со загуба од 1 милијарда долари.
Компанијата најави дека ќе ги намали трошоците, вклучително и администрација и продажба, за 2,5 милијарди долари.
Се планира да се заштедат уште три милијарди долари со намалување на содржината, со исклучок на спортот и отпуштањата.
Последен пат Дизни отпушти луѓе во екот на пандемијата, кога во ноември 2020 година објави дека ќе отпушти 32.000 работници, пред се во забавните паркови.
Извор: kumanovskimuabeti.mk