Истражувањето кое се занимаваше со темата за верување во живот после смртта во Европа, спроведено од World Values Survey, покажа како e рангирана нашата земја кога станува збор за оваа тема.
Можеби ќе ве интересира: Oсвен роднини и пријатели, што друго од Македонија им недостига на нашинците кои се во странство?
Имено, Турција е на прво место, додека Босна и Херцеговина е на второ место заедно со Полска.
Во Македонија, судејќи според оваа анкета, 52.3% од граѓаните веруваат во живот после смртта, со што е седна по ред од рангираните европски земји.
Нешто поголема верба во задгробен живот од Македонците имаат жителите на Исланд, Романија, Кипар и Литванија.
Најголеми скептици за живот по смртта се Албанците со 22,7% и Бугарите со 25%.
Од 1981 година, светската мрежа на социјални научници спроведува национално репрезентативни истражувања како дел од WVS во речиси 100 земји.
Извор: kajgana.com