
Наутро многу студено, преку денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -4, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени.
Во Скопје наутро многу студено, преку денот сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -8, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Во недела ќе има зголемена облачност, умерен до засилен северен ветер и услови за локален слаб снег на планините. Од понеделник следува период на стабилно време со пораст на утринските и дневните температури.