Косово и Босна и Херцеговина водат по бројот на невработени во Западен Балкан, додека Србија има најниска стапка на невработеност, објави во петокот Светската банка.
Би можело да ве интересира: Најбарани сезонски работници во Хрватска се продавачи, келнери и магационери
Истовремено, стапката на невработеност во петте земји од Западен Балкан е намалена за 13,5 отсто во последните 15 години, заклучно со средината на 2022 година, објави Светска банка, пренесе Радио Слободна Европа.
Во Косово, кое има 1.739.825 жители, стапката на невработеност е 31,3 отсто.
Следува БиХ, која има 3.531.159 жители со стапка на невработеност од 30,7 отсто.
Во Црна Гора, која има 619.211 жители, стапката на невработеност е 20,1 отсто.
Во Македонија, со 1.836.713 жители, стапката на невработеност е 14,3 отсто.
Во Албанија, со 2.829.741 жители, стапката на невработеност е 11,1 отсто, додека во Србија, која има 6.834.326 жители, најниска е стапката на невработеност од 8,9 отсто, соопшти Светска банка.