Регулаторната комисија за енергетика во текот на попладневните часови ќе ја утврди новата малопродажна цена на нафтените деривати која од вечерва на полноќ ќе важи во следните две недели.
Според движењето на цената на суровата нафта на светските берзи можеме да очекуваме мало покачување на цените во малопродажба, кое не би требало да надмине 1 денар по литар.
Во моментов, барел нафта чини околу 78 долари, цена која што горе долу се држи на светските берзи со исклучок на петочното тргување кога се довлижи до градницата од 80 долари.
РКЕ пред две недели ја формираше цената врз основа на просекот од 74 долари за еден барел.
Во изминатите две недели, на бензиските пумпи ширум Македонија литар бензин чинеше 74 денари, а литар дизел 64,5 денари.