Граѓаните на Македонија, Србија и Албанија можат да работат во која било од трите држави без да вадат работни дозволи
Парламентарното мнозинство вчера ги ратификуваше законите од Иницијативата Отворен Балкан, важни за граѓаните и македонската економија во целост.
Би можело да ве интересира: Баварија има нова тактика за привлекување работна сила од Балканот - ПРОЧИТАЈТЕ
Отсега, граѓаните на Македонија, Србија и Албанија добиваат можност да работат во која било од трите држави без да вадат работни дозволи, без какви било бариери, без аплицирање и чекања, без административни трошоци.
Тоа ќе значи унапредување на заедничкиот пазар и зголемување на мобилноста на работната сила во регионот.