Во последниве пет години во Македонија се отвораат од близи седум до нешто над осум илјади компании на годишно ниво. Но, во исто време речиси идентичен е и бројот на фирми кои згаснуваат.
Би можело да ве интересира: ГОЛЕМА ПОТРАГА ПО СЕЗОНЦИ ВО ЕВРОПА ВО ПОЛН ЕК - Хрватска, Австрија и Германија копнеат за странски работници
Денар подготви анализа, не само на бројот на новоотворени и ликвидирани компании, туку во кои сектори и дејности најчесто или најмногу се отвораат бизнисите, кои се причините за пропаѓање на една компанија. Од Владата пак велат дека се трудат да овозможат добри услови за работа на компаниите.
Најчесто бизнис заедницата посочува дека полиичката нестабилност, неефикасниот судски систем и високото ниво на корупцијата во земјава се клучните проблеми со кои се соочуваат претприемачите. Бизнисот бара предвидливост, не често менување на законските регулативи и поддршка од државата.
Целиот текст можете да го прочитате на: denar.mk