На едно четиричлено семејство во јануари му биле потребни 50.799 денари за минимални месечни трошоци, покажуваат пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија.
Можеби ќе ве интересира: Пари открива: Колку пари треба денес за храната за која пред две години дававме илјадарка?
Според податоците за синдикалната потрошувачка кошничка објавени денеска, најмногу пари или 19.206 денари се трошат за храна и пијалоци, а 13.313 денари за режиски трошоци. За хигиена биле потребни минимум 3.097 денари, а за превоз 3.668 денари.
Државниот завод за статистика вчера објави дека инфлацијата во јануари изнесува 17,1 проценти.
Извор: kajgana.com