По повод 21 февруари – Меѓународниот ден на туристичките водичи, Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници задутре, во недела, ќе организира бесплатен разглед на Скопје и Битола.
Исто како и минатата година, Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници организира бесплатна пешачка тура во најпосетените туристички центри. Поводот за овој настан е одбележувањето на светскиот ден на туристички водичи кој се одбележува секој 21-ви февруари.
Во Скопје појдовна точка е Меморијалната куќа на Мајка Тереза на улица „Македонија“ до Скопското Кале.
- Термините за разглед во Скопје ќе бидат со почеток во 12,13 и 14 часот, а во Битола со почеток во 12 часот. Сите заинтересирани граѓани кои сакаат да бидат дел од овој разглед и да учествуваат на овој настан ги очекуваме, информираат од Македонската асоцијација за туристички водичи.
Додека за Битола, како што пренесуваат од порталот bitolanews.mk - „лиценцирани водичи, на ден 19.02 ќе ви ја претстават Битола онака како што тоа го прават пред многубројните туристи.“
Би можело да ве интересира: По 36 години, возот од Битола тргна во правец на грчка граница, но засега последна станица е Жабени
Во период од околу 2 часа, со голема посветеност, љубов и локал патриотизам, ќе ви ја доловат Битола онаква каква што некогаш била, центар на овај дел од Европа.
Ќе имате можност да ја слушнете приказната за Офицерскиот Дом, Мустафа Кемал Ататурк и неговата тинејџерска љубов, браќата Манаки, геноцидот врз Евреите, Саат Кулата, Старата чаршија, ликовната колонија Мал Битолски Монмартр…
Првата тура започнува во 11:00ч од пред Музејот на Град Битола, втората тура започнува во 12:00 од пред Саат Кулата. Водичи на овие бесплатни тури се Горан Пинза и Исидор Балојани.