Сте размислувале ли кој би бил вашиот избор доколку треба да се вработите во некоја од приватните болници во Македонија? Направивме анкета на оваа тема, а понудени опции беа дел од најголемите приватни болници во Македонија. На анкетата одговориле 1.110 испитаници. Еве ги резултатите:
По 5% од испитаниците се одлучиле за болниците Санте Плус и One Hospital Тетово.
Следна болница на листата е Неуромедика за која се изјасниле 6% од испитаниците, односно 72 испитаници, а дел од коментарите гласат: „одлична организација, супер се“.
По неа следи Ре-Медика за која се изјасниле 133 испитаници или 12% - а на ова следи коментар: „Бидејќи немам слушнато за афери или негативни искуства при лечење на пациентите.“
За клиниката Жан Митрев се изјасниле 19% од испитаниците, или вкупно 209 граѓани. Во продолжение дел од коментарите:
„Најдобра клиника во Македонија и пошироко“, „Професионалци сите до еден“, „Прекрасни услови и прекрасни професионалци“...
Дури 53% или вкупно 583 испитаници на прашањето: „Кој би бил вашиот избор доколку треба да се вработите во некоја од приватните болници во Македонија?“ одговориле дека сакаат да се вработат во Аџибадем Систина.
Во неколку од коментарите, за Аџибадем Систина се вели: „Најдобрата приватна болница во Македонија“, „Докажана компанија со најголем број на вработени кои што земаат редовна плата, која што одговара на сите стандарди!“, Најмногу е платен трудот на работникот“, „На ниво се, со работа, услужност, комуникативност...“
Во тек е нашата нова анкета во која прашуваме: Зошто фалат луѓе за работа?
Ги очекуваме вашите одговори!