Владата на Србија изјави дека од јануари 2024 година ќе започне исплатата на субвенциите за замена на 144.000 дизел возила со стари мотори, еуро 1, еуро 2 или еуро 3, а конкурсот ќе да бидат објавени во текот на оваа година.
Во Србија има 2,8 милиони автомобили, додека во 2012 година имало 1,8 милиони, што значи дека за нешто повеќе од 10 години биле регистрирани милион нови возила.
Од 2,8 милиони, 560.000 се возила со стари мотори, еуро 1, еуро 2 или еуро 3, а тоа се најголемите загадувачи.
- Затоа предвидовме дека од 1 јануари 2024 година ќе инвестираме вкупно 102 милиони евра во замена на 140.000 дизел возила. Државата дава субвенција од 2.100 евра за замена на патнички автомобил, 2.500 евра за лесни камиони и 2.900 евра за автобуси - објави Владата.
Можеби ќе ве интересира: Основна плата 1.875 евра: Србија регрутира специјалци и тенкисти
Сопственикот го предава старото возило на државата, која ќе го рециклира согласно сите прописи.
- А, сопственик на отпишан автомобил може да купи автомобил кој не е постар од 1 јануари 2015 година и кој мора да има мотор Еуро 6. Затоа ги повикувам граѓаните да ја искористат оваа можност и да го намалат загадувањето - објави Владата.
Министерството за заштита на животната средина е задолжено за проектот за одјавување, односно замена на дизел возилата со стари мотори.
Конкурсот ќе го објават годинава и исплатата ќе започне од 1 јануари 2024 година.
Извор: faktor.mk