Хрватскиот туризам последниве години е во центарот на вниманието, но не се зборува само за добрите страни на одморот во овој дел на Јадранот, туку и за малку понегативните - поточно за цените.
Дополнително, откако започна инфлацијата, цените во просек се повисоки за 30 отсто.
Тоа, меѓу другото, значи дека и странските туристи, а особено домашните - со помала потрошувачка моќ, годинава би можеле да изберат некои поевтини дестинации.
На пример, викендичките, особено оние со базен, поскапеа, а една лоцирана во Задварје чини дури 400 евра дневно. Сепак, интересот не е помал, иако цените за изнајмување постојано растат во последните три години, пренесува Seebiz.
- Како што се зголемуваа цените на влезните параметри, така се зголемуваа и цените за изнајмување во мојот случај, за околу 10 проценти - вели сопственикот на оваа викендица, Јозо Радељиќ.
И во Загора и на крајбрежјето сите што изнајмуваат сместување велат дека морале да ги прилагодат цените - нагоре. Претседателката на Хрватското здружение за семејно сместување, Барбара Марковиќ, изјави дека лани, во просек, изнајмувачите ги покачиле цените за 15 до 20 отсто.
Би можело да ве интересира: Стан на „Белград на вода“ чини и 2,5 милиони евра
- Сепак, мораме да одиме уште подалеку, бидејќи мораме да ги надоместиме сите трошоци што ни се наметнати - вели таа.
Според Барбара Марковиќ, гарсоњера за две лица во центарот на градот на Сплит моментално чини 170 евра, додека во 2021 година чинела 100, а во 2022 година - 150 евра.
- Мислам дека поскапувањето ќе биде околу 30 проценти во однос на изминатите три години. Најавите за самото срце на сезоната се добри, но гостите што се сега овде го забележуваат поскапувањето на сместувањето - рече Марковиќ, а се огласи и турист од Јужна Кореја, кој рече дека во Хрватска се веќе цел месец, и дека нивна следна дестинација е Италија.
Сепак, како што вели, „Хрватска им е многу поевтина од чизмата“.
Иако и хотелите ги прилагодија цените, тие не се загрижени за пополнетоста. Гости кои бараат целосна услуга - тие се подготвени да платат за тоа. Директорката на хотел во Сплит, Невена Чикеш, вели дека поскапувањето годинава е 15-20 отсто во зависност од категоријата.
Извор: faktor.mk