
Од ЈП Водовод и канализација-Скопје известуваат дека утре (четврток) поради премостување од стара на нова мрежа на ул. Димо Хаџи Димов и ул. Михаил и Ефтихиј, Скопје - Кисела Вода, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од претходно наведените улици од 09:00 часот до завршување на работните активности.
Исто така, поради затварање на вода по барање на странка на ул. св. Кирил и Методиј бр. 42, прекинато водоснабдување ќе има дел од ул. св. Кирил и Методиј од 09:00 часот до завршување на работните активности.