Денес, новите банкноти се презентираат јавно за прв пат во седиштето на ЕЦБ во Франкфурт.
Нивниот нов дизајн има за цел да го отежни фалсификувањето. ЕЦБ веќе претстави побезбедни банкноти од 10, 20 и 50 евра.
Банкнотите од 500 евра повеќе нема да бидат печатени. Во 2016-та година, институцијата одлучи да ги повлече банкнотите од 500 евра кои наводно ги користеле во сите видови нелегални трговии до крајот на 2018-та година.
Новата банкнота од 5 евра беше лансирана во 2013-та година, од 10 евра во 2014-та година и 20 евра во 2015-та година, додека новата банкнота со номинација 50 беше воведена во 2017-та година.