Во продолжение погледнете како изгледа внатрешноста на приватниот авион во сопственост на Новак Ѓоковиќ.
Новак Ѓоковиќ поседува голем број луксузни имоти низ Србија, но и ширум светот, а често мора да оди од точка А до точка Б за многу краток временски период.
Професионалните обврски и честите турнири често не ви дозволуваат да поминувате часови и часови на аеродроми и поради оваа причина приватен авион е најдоброто решение.
Сепак, иако Новак лесно може да си дозволи авион, а да потсетиме, пред извесно време авион на домашна авиокомпанија го доби неговото име, тенисерот се уште не поседува авион, туку редовно го изнајмува.
Имено, Ѓоковиќ долго време се потпира на услугите на компанијата „Нетџетс“, која му обезбедува посебен превоз, а на некој начин може да се каже дека го поседува на некој начин, бидејќи луксузниот авион е целосно прилагоден според неговите потреби, а внатрешноста погледнете ја во галеријата подолу:
Покрај модерниот дизајн и удобност што им се овозможува на патниците, авионот е опремен и со брз интернет и катче со забавна содржина, што е многу корисно кога се во прашање долгите, прекуокеански летови.
– Спортот со кој се занимавам вклучува постојано патување. Но, компанијата се труди да ме пречека и јас секогаш стигнувам на време на мојата дестинација – изјави еднаш Ѓоковиќ.
Дека случајот на Новак не е изолиран говори и тоа што услугите на споменатата компанија ги користи и еден од неговите најголеми ривали Роџер Федерер.
Но, не би не изненадило Новак во одреден момент да „скрати пари“ и да си купи ваков авион, со оглед на тоа дека не е тајна дека само во недвижнини и слично инвестирал околу 30 милиони долари.
Покрај становите во Мајами, Монте Карло, Њујорк, Тиват… тенисерот е многу горд и на луксузната вила во Марбела, за која според странските медиуми потрошил дури 10 милиони долари. Најпрво го изнајмил, за да се всели во него во текот на 2020 година, каде што го поминал најголемиот дел од карантинот. Ѓоковиќ планира и Марбела да биде негова постојана резиденција во текот на тениската сезона, а не Монте Карло, како што беше претходно.