Под лупа ги ставивме цените на лебот, јунешкото месо, млекото, сирењето, и сончогледовото масло за јадење, пишува Порталот „Пари“
Споредбата на цените покажува дека во ништо не сме најевтини, но затоа, заедно со Словенија, имаме најскапо јунешко месо во однос на сите анализирани земји.
Цените покажуваат дека најевтино млеко може да се најде во хрватските онлајн маркети. Македонија има слични цени на млекото со Босна и Херцеговина и со Србија, околу 1,2 евра за литар, со масленост 3,2 проценти.
И цената на сирењето е најниска во Хрватска, а највисока е во Словенија, каде и цената на млекото е најскапа. Цената на кравјо сирење е иста во Македонија, во Србија и во Босна и Херцеговина. Споредбата на сличен тип на сирење покажа дека кај сите три земји еден килограм чини 6,5 евра.
Во Црна Гора има и најевтино масло за јадење, од само 1,1 евро, а кај нас и во Босна и Херцеговина чини 1,9 евра