Државниот пазарен инспекторат е континуирано на терен, врши надзори со сите свои расположливи ресурси.
Државниот пазарен инспекторат е континуирано на терен, врши надзори со сите свои расположливи ресурси и покрај Одлуката за замрзнување на цената на лебот на 33 денари, ќе врши надзори и по Одлуката која ги обврзува трговците да доставуваат и продаваат леб.
Во изминатите два дена проверени се над 460 економски субјекти, а забележано е дека цената на белиот леб се движи од 25 до 33 денари. Дури на некои места, леб со поголема грамажа од предвидената во Одлуката се продава по 33 денари. Генерално се почитува владината Одлука за замрзнување на цената на лебот до 33 денари, но имаше и такви трговци кои ја прекршиле оваа Одлука, за што беа изречени казни во висина од над 300.000 денари.
Пазарниот инспекторат е континуирано на терен со сите свои раасположливи ресурси и ќе врши надзори каде ќе утврдува која е минималната количина на лебот што ја опфаќаат Одлуките на Владата, која на дневна основа мора да се набавува и продава од страна на трговците и ќе ја контролира крајната продажна цена до 33 денари.
Ако се утврди прекршување на Одлуките ќе следат казни кои произлегуваат од Законот за трговија! Казните се високи и изнесуваат од 800 до 10000 евра, во зависност од големината и видот на економскиот оператор. Затоа апелираме да се почитуваат Одлуките, а ние како институција постојано сме на терен, постапуваме по Одлуките и останатите наши надлежности.