Пушењето ќе биде забрането на многу места на отворено во Италија, 20 години откако беше забрането во затворени простории.
Новата забрана, која ќе ги опфати надворешните површини на баровите, автобуските постојки и парковите каде што има деца и бремени жени, ќе ги опфати и електронските цигари и загреаните тутунски производи.
Италијанската асоцијација за еколошка медицина ја поздрави новата предложена забрана во понеделникот, пренесува АНСА.
Можеби ќе ве интересира: Македонците пушат најевтини цигари во регионот
Луѓето кои почнуваат да пушат електронски цигари кога се млади ќе станат пушачи, велат тие.
Поранешниот министер Карло Џованарди, кој одигра клучна улога во забраната за пушење во затворени простории во 2003 година, воведена од тогашниот министер за здравство Џовани Сирчија, рече дека „со оваа нова регулатива ќе има поголема слобода за сите“, тврдејќи дека „луѓето сепак ќе можат да пушат на отворено, но не кога се присутни други“.
Извор: vecer.press