Владата денеска одлучи да се замрзнат цените на тестенините и основните млечни производи, соопштија денеска на прес-конференција премиерот Димитар Ковачевски и министерот за економија, Крешник Бектеши.
– Се замрзнува односно намалува цената на тестенините за 15% на цената која се применува на трговијата на мало, во просек намалувањето ќе изнесува околу 8-9 денари, тоа опфаќа макарони и шпагети. Одлуката влегува во сила од 16 март. Дополнително во периодот од 13 март до 31 мај се укинуваат царинските давачки за увоз на овие продукти.
Се замрзнува, односно намалува и цената на кравјото млеко, сирењето без додатоци, кашкавалот без додатоци, кисело млеко, јогурт. Се предлага намалувањето да биде за 10% во периодот од 17 март до 31 мај 2023 година, објасни премиерот Ковачевски.