Се огласил менаџерот на винотека во Белград, откако на гостинот му ја наплатиле услугата „отворање шише вино“.
Сметката на која е наплатена услуга за отворање шише вино за 400 динари, која извесен Небојша ја објави на Твитер, предизвика лавина коментари од типот „следниот пат ќе ја носам тапата со мене“ и „ќе наплаќаат и за седење на столчиња?“
Меѓутоа, станува збор за услугата „corkage fee“ или како што некои ја нарекуваат „cork“ (плута), која некои белградски ресторани и винарии ја воведоа пред неколку години, а одамна е вообичаена во светот, вели менаџерот на таканаречената белградска винарија Милош Д.
„Винотеката секогаш има пониска цена на пијалоците од ресторанот. На пример, едно шише тамјаника чини 890 динари и тоа е цената ако ја купите и ја однесете дома. Меѓутоа, ако одлучите да пиете вино кај нас, седнете на нашата маса, ако ги искористете нашите чаши и келнерската услуга, за тоа наплаќаме 400 динари и така пишува во ценовникот. Во тој случај кога ќе соберете се, едно шише вино ве чини 1.290 динари, додека во во кој било ресторан ќе треба да платите 3.000 динари за истото. Така, тоа е повторно многу поевтино отколку ако одите во ресторан“, објаснува Милош.
Можете да си донесете и сопствено вино, но и тоа чини пари.
Патем, постојат неколку видови на оваа услуга. Во Русија, Канада, САД, многу европски ресторани можеш да си донесеш шише вино и да го пиеш со мезе или вечера, а ти наплаќаат што не си порачал нешто од нивното мени, а ти користиш чаши и си го пиеш пијалокот во нивниот локал.
Колку ќе се наплаќа за оваа услуга одлучува ресторанот, а може да биде од 150 динари до неколку илјади, во зависност од тоа колку сопствениците проценуваат дека „изгубиле“ затоа што гостинот си го пие пијалокот. На сметката што крена прашина на социјалните мрежи пишуваше „отворање шише вино“, што, како што подоцна објасни винскиот бар и продавницата за алкохол, е несмасен превод на услугата „corkage fee“.
Занимливости
Со доаѓањето на празниците, домовите, улиците и деловните простории блескаат во бои и светлина. Сепак, магијата на празничните украси често доаѓа со високи сметки за струја. Ставањето подароци под елката е една од најубавите празнични традиции која го збогатува семејното дружење за време на празниците. Иако денес е глобално прифатен обичај, малкумина знаат од каде потекнува оваа традиција и што симболизира. Тунелот Рогфаст се копа на делницата помеѓу под Бокнафјорден и Квицојфјорден во норвешки Рогаланд и ќе биде долг 27 километри, а неговите две цевки широки десет и пол метри ќе бидат поставени на длабочина од 392 метри под нивото на морето. Патниците кои доживеале непријатности поради доцнење или откажување на летот може да добијат значителен финансиски надомест. Регулативите на Европската унија ги штитат патниците и им дозволуваат да добијат од 250 до 600 евра, во зависност од околностите. Сепак, процесот на добивање компензација за откажан или одложен лет не е едноставен, а авиокомпаниите често наоѓаат начини да избегнат плаќање. Малезија се согласи да ја обнови потрагата по остатоците на исчезнатиот авион MH370 на Малезија ерлајнс, повеќе од 10 години откако исчезна во една од најголемите воздухопловни мистерии во историјата, објави денеска министерот за транспорт Ентони Локе, пренесува Ројтерс. Кина го гради најголемиот аеродром во светот сместен на вештачки остров.