Министерот за економија денеска соошти дека на почетокот на наредната недела ќе се донесат одлуки за цените на шекерот, јајцата и оризот.
Се уште се прават анализите и, како што информира Бектеши, најверојатно ќе бидат готови утре, кон крајот на денот.
Би можело да ве интересира: Од денеска намалени цени на млечните производи и тестенините, можни интервенции и за цените на овошјето и зеленчукот
- Согласно податоците, на почетокот на наредната недела ќе се донесат соодветни одлуки ако има простор, истакна Бектеши, одговорајќи на новинарски прашања по посетата на скопскиот маркет заедно со премиерот Ковачевски и директорот на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски.