Уморот најчесто се должи на физичка и психичка исцрпеност предизвикана од напорна работа, но ако постојано сте уморни, без разлика на напорот во текот на денот, проблемот лежи на друго место.
Со осум часа работа во денот треба да имате доволно време да се наспиете и одморите и да може да се посветите и на приватните обврски и задоволства.
Но, ако чувството на умор не поминува, треба да ги преиспитате вашите навики и да видите каде грешите. Ако ги препознаете овие пет лоши навики кај себе, веднаш преземете нешто да ги смените и почнете да живеете подобро.
За да бидете одморени и да му дадете шанса на телото да се регенерира потребни ви се осум часа непрекинат ноќен сон. Од спалната соба исфрлете ги сите гаџети и технолошки уреди (смартфон, таблет, лаптоп, телевизор) и оставете само будилник. Потрудете се да си легнувате и да станувате во исто време секој ден, за да поставите редовен ритам на спиење.
Можеби ќе ве интересира: Како да бидете попродуктивни?
Не пиете доволно течности
Ако организмот е дехидриран, паѓа нивото на енергија. Не посегнувајте по кафе и храна секогаш кога ќе почне да ви паѓа концентрацијата, напијте се чаша вода и почекајте да се освежи вашето тело. Пијте најмалку 2 литри течности во текот на денот и одбегнувајте газирани и пијалаци со голема содржина на шеќери.
Нездрава исхрана
На вашето тело му е потребно „гориво“ за да може правилно да функционира. Внесете повеќе свежо овошје и зеленчук во исхраната, како и доволно протеини за енергија. Намалете го внесувањето на брза храна и тестенини и веднаш ќе ја забележите разликата.
Премногу шеќери
Ова се надоврзува на претходното. Храната богата со шеќер само привремено ви го подигнува нивото на енергија, но набрзо паѓа на толку ниско ниво што сте речиси неспособни да работите.
Стрес
Постојаното чувство на умор многу често е поврзано со стресот што го трпите секојдневно. Лоша навика е да го игнорирате стресот и да очекувате дека изворите на стрес и неговите последици ќе исчезнат сами од себе.
Обидете се да одвоите време за физичка активност, барем прошетка од 30-тина минути. Исклучете го мобилниот телефон и одморете од сѐ и од сите. Обидете се да медитирате, но најважно од сѐ, не си земајте сѐ при срце. Одберете ги „битките што ќе ги водите“, односно кои работи се важни за да потрошите нерви, време и енергија на нив.
Извор: kajgana.com